Дома Фудбал Eлиминацијата на Јувентус во еден италијански град се славеше со огномет (ВИДЕО)

Eлиминацијата на Јувентус во еден италијански град се славеше со огномет (ВИДЕО)

Jувентус важи за еден од најомилените, но исто така и за еден од најомразените клубови помеѓу љубителите на фудбалот во Италија. Ретки се оние кои не навиваат за торинскиот клуб, а тој да не им е прв на листата најомразени.

„Старата дама“ скоро воопшто не ја поднесуваат во Неапол, а да се прошетате во градот под Везув со обележје на Јувентус може да биде опасно по вашиот живот.

Колку всушност во Неапол не го сакаат Јувентус покажуваат и сцените после вчерашната елиминација на „старата дама“ во четвртфиналето од Лигата на шампионите.

Откако беше завршен натпреварот во Торино дел од жителите на Неапол започнаа да слават со пуштање на огномет.

Наполи утре го игра реваншот од Лигата на Европа против Арсенал во кој ќе „брка“ негатива од 0:2 од првиот натпревар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Новата генерација на Македонија У21 на проверка во Нови Сад со 24 фудбалери

Александар Таневски избра 24 играчи за контролата со Србија на 12 ноември. Дуелот е насоче…