Екс-фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Џеси Лингард се уште е без ангажман откако минатото лето Нотингем Форест ја раскина соработката со него.
Лингард се поврзуваше со клубови од Шпанија, Саудиска Арабија и МЛС лигата, еден период тренираше и со Ал-Етифак и Интер Мајами, но тие не се одлучија да му понудат соработка.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Сега последните најави се дека би можел да направи трансфер во Јужна Кореја. Информациите се наводно дека Сеул му понудил двегодишна соработка со опција истата да биде продолжена на уште една. Во наредниот период Лингард би требало да го даде конечниот одговор.
Во својата кариера тој го носеше дресот на Манчестер Јунајтед, Брајтон, Бирмингем, Лестер, Вест Хем, Дерби и Нотингем.