Дома Фудбал Останато Душица освои бронзен медал на турнир во Солун

Душица освои бронзен медал на турнир во Солун

Македонската репрезентативка Душица Бреслиева, членка на Таеквондо клубот Штип, се врати со бронзен медал од престижниот меѓународен турнир „Солун Опен Е1“, натпреварувајќи се во јуниорската категорија до 55 килограми.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Турнирот започна одлично за Бреслиева, која во првото коло ја совлада грчката натпреварувачка Толиа Ноли со чиста победа од 2:0. Во втората борба повторно беше доминантна, победувајќи ја и Фиска Мелина Димитра, исто така со 2:0.

Во полуфиналната борба се соочи со Спаноу Лемониа Мариа, но по борба во која недостигаше малку за финале, беше поразена со 0:2. И покрај тоа, Бреслиева го освои третото место и заслужено се закити со бронзен медал, потврдувајќи го својот квалитет на еден од посилните регионални турнири.

Фото: Македонска Tаеквондо Федерација, Macedonian Тaekwondo Federation WT

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Meкрегор во враќањето во УФЦ загуби по само 69 секунди (Видео)

Најзначајната борба на настанот УФЦ 329 во Лас Вегас на 11 јули меѓу Конор Мекгрегор и Мак…