Американскиот кошаркар Кевин Дурент изјави дека би сакал да ја заврши својата кариера во Европа, поточно во Барселона или Монако.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Еден од најдобрите стрелци во историјата на НБА лигата, со застрашувачки напаѓачки арсенал, рече дека го обожава елитното европско натпреварување.
„Сакам да играм во НБА, но навистина уживам гледајќи ја Евролигата. Сепак, не сум сигурен колку е реално да играм таму“.
Најкорисниот играч на најсилната лига во светот најмногу би сакал својата кариера да ја заврши во приморските места.
„Барселона би била добро место, но и Монако делува примамливо. Засега ми се допаѓа во Феникс, ќе бидам тука уште малку време“.