Дома Останати Кошарка Дурент призна: Јокиќ е најдобар кошаркар во светот!

Дурент призна: Јокиќ е најдобар кошаркар во светот!

Кошаркарите на Феникс го победија Денвер утрово на свој терен со 110:100 во НБА лигата, а првата ѕвезда на Санс, Кевин Дурент, по натпреварот го пофали центарот на Нагетс, Никола Јокиќ.

„Има толку многу големи таленти во лигата… Не сме само Леброн Џејмс, Стеф Кари и јас. Го видовте вечерва Никола Јокиќ, го видовте члена на Куќата на славните, кошаркарската икона во вид на Расел Вестбрук. Видовте многу млади талентирани кошаркари. Ова беше неверојатен ден за кошарката, драго ми е што можев да играм. Сакавме да се вратиме по поразот токму од Денвер пред два дена. Сакавме да играме посилно, да играме подобро. Особено во третата четвртина. Тие се физички многу добар тим. Го имаат најдобриот кошаркар на светот, топ 10 играч на сите времиња Јокиќ и моравме многу да работиме”, рече Дурент.

Токму Дурент со 27 поени, колку што имаше и Бредли Бил, го предводи Финикс до 15. победа во сезоната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Стеф Кари испиша нова историја во НБА лигата: Со новиот договор урна неверојатен рекорд

Стеф Кари потпиша нов двегодишен договор со Голден Стејт Вориорс вреден 116 милиони долари…