Дома Фудбал Драма во авион со среќен крај: Доктор на српски тим спасил живот на петгодишно девојче!

Драма во авион со среќен крај: Доктор на српски тим спасил живот на петгодишно девојче!

Многу српски клубови веќе се упатиле кон Турција, каде што за време на паузата во првенството ќе ги спроведат зимските подготовки. Напредок од Крушевац исто така се упати кон Анталија, а на летот кон овој турски град се случи неверојатна драма во авионот.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


За среќа, со среќен крај, а за се беше заслужен докторот на Напредок, Данијел Томиќевиќ.

Како што пренесува Журнал, за време на мирниот лет, одеднаш се слушна апел од екипажот до медицинските стручњаци за итна помош.

Томиќевиќ веднаш се одзвал на апелот од пилотот и истрчал да помогне на петгодишно девојче, кое имало температура од 40 степени и во тие моменти губела свест.”.

Со брза интервенција, докторот на Напредок успеа да ја намали температурата на девојчето, по што нејзината состојба била стабилизирана..

Реакцијата на докторот предизвикала воодушевување кај патниците и екипажот, а на аеродромот при слетување бил пречекан како херој.

Кога бил прашан за целата ситуација, докторот се истакнал со скромност и порачал дека е важно луѓето да покажуваат солидарност во вакви ситуации.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Симеоне веднаш втрча на терен по крајот на натпреварот, а потоа Артета го покажа своето вистинско лице (Видео)

Фудбалерите на Арсенал по 20 години се пласираа во финалето на Лигата на шампионите, а кам…