Дома Фудбал Добри вести за Милан пред дербито со Рома

Добри вести за Милан пред дербито со Рома

Главниот тренер на Милан Масимилијано Алегри доби добри вести денес. Напаѓачот Рафаел Леао се приклучи на тренингот заедно со останатите. Португалецот се опоравуваше од повреда и до вчера тренираше на индивидуален режим.

Ова значи дека Леао ќе биде подготвен за дербито во недела кога „росонерите“ го примаат Рома. Ардон Јашари и Первис Еступинан исто така се рехабилитирани и се спремни за дуелот. Фикајо Томори и Сантиаго Хименес се под знак прашалник, но е малку веројатно да учествуваат во средбата. Адриен Рабио и Кристијан Пулишиќ сигурно се аут поради повреди.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Руни има порака до Грилиш:Закажи си летување бидејќи на СП сигурно нема да одиш!

Поранешниот фудбалер на англиската репрезентација и легенда на Манчестер Јунајтед, Вејн Ру…