Дома Фудбал Директор на Милан не го крие интересот на клубот кон играчот од средниот ред на Сасуоло

Директор на Милан не го крие интересот на клубот кон играчот од средниот ред на Сасуоло

Спортскиот директор на Милан, Игли Таре, не ги негираше гласините за интересот на клубот кон играчот од средниот ред на Сасуоло, Исмаел Коне. Пред почетокот на денешниот натпревар меѓу двата тима, раководителот на “росонерите” даде пофалби за канадскиот репрезентативец, кој постигна 6 гола во 33 натпревари оваа сезона.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


“Тој дефинитивно е играч кој имаше одлична сезона со Сасуоло, како и целиот нивни состав. Станува збор за фудбалер со одредени карактеристики и со искуство на високо ниво, имајќи го предвид и неговото претходно искуство во Франција. Така што може да привлече многу внимание на трансфер пазарот. Дали сме во синхронизација со Масимилиано Алегри? Апсолутно. Скоро секоја недела имаме ручек или состанок во “Каза Милан” со тренерот и Џорџо Фурлани. Во едногласност сме околу тоа што треба да направиме за следната сезона, како и што му недостасува на тимот. Исто така размислуваме за можна промена на формацијата на игра. Гледаме некои од карактеристиките на фудбалерите, кои би ни дозволиле да играме различно. Следната сезона ќе биде важна, и ќе се потрудиме да изградиме тим кој има квалитети и е способен да игра на различни начини”, коментира Таре.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Навивачка на Конго со огромни гради стана хит (Видео)

Пред сè, ремито меѓу Португалија и ДР Конго (1:1) беше обележано од големото натпреварувањ…