Дома Фудбал Џеко пред трансфер во Италија – клубот кој беше хит сака да го доведе!

Џеко пред трансфер во Италија – клубот кој беше хит сака да го доведе!

Капитенот на репрезентацијата на Босна и Херцеговина, Един Џеко, во овој момент се наоѓа на подготовки со репрезентацијата пред натпреварите со Сан Марино и Словенија. Во исто време, се решава и неговата иднина во клупскиот фудбал.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Според информациите на порталот „Klix.ba“, Џеко е многу блиску до враќање во Италија, каде што во минатото години успешно настапуваше за Рома и Интер.

Фиорентина и Милан покажаа интерес за искусниот напаѓач, но најсериозен е тимот на Комо, кој во моментот важи за главен фаворит за доведување на босанскиот голгетер

Комо минатата сезона влезе во Серија А и одма се истакнаа со импресивно 10. место, кое беше голем успех за клубот.

Тимот под водство на Сеск Фабрегас игра одличен фудбал, а очигледно амбициите на клубот оваа година се насочени кон освоување места што водат во европските натпреварувања.

Фото: Fenerbahce/FB
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Сака е херојот, Арсенал по 20 години ќе игра финале во Лигата на шампионите! (Видео)

Фудбалерите на Арсенал конечно по две децении обезбедија место во финалето на Лигата на ша…