Дома Фудбал Дејвис беше клучот, во Баерн „паѓа“ најважниот потпис!

Дејвис беше клучот, во Баерн „паѓа“ најважниот потпис!

Фудбалскиот клуб Баерн Минхен беше блиску да остане без своите најголеми ѕвезди, но како што стојат работите, ќе успее да ги задржи сите.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Откако во вторникот беше потврдено дека Алфонсо Дејвис потпиша нов договор до 2030 година, доверливи извори пишуваат дека сега Баерн е чекор поблиску и до договорот со Џамал Мусијала.

Најверојатно, токму потписот на Дејвис дополнително влијаеше и на Мусијала и тоа на двоен начин. Најпрвин, Мусијала сакаше да види дали Баерн е доволно силен да ги задржи своите најдобри играчи и со самото тоа да покаже дека има јасен и голем долгорочен план за иднината. Исто така, Дејвис е еден од најдобрите пријатели на Мусијала, па и од личен аспект му значеше сите да останат заедно во тимот. 

Интересно е што еден од блиските пријатели на Мусијала е и Лирој Сане, кој исто така преговара и треба да потпише нов договор за да не замине како слободен агент на лето.

Мусијала беше најважната задача за Баерн за 2025 година, што повеќе пати го повторија и Макс Еберл и Ули Хенес.

Нема сомнение дека со договорите со Дејвис и Мусијала, Баерн ја покажа својата сила и нема лесно да ги пушти своите најголеми ѕвезди. 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Коби Мејну ќе потпише нов договор со Манчестер Јунајтед

Младиот играч од средниот ред Коби Мејну е блиску до продолжување на договорот со Манчесте…