Викендов на програмата во македонската спортска јавност ќе се игра дербито помеѓу Пелистер и Вардар во салата „Боро Чурлевски“ во Битола.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Од редовите на битолскиот клуб информираа дека билетите за ова дерби биле распродадени за само седум минути, а познати се и судиите.
Имено, натпреварот ќе го судат двајцата најдобри македонски судии Ѓорѓи Начевски и Славе Николов, контролори ќе бидат Марјан и Драган Начевски.
Во натпреварот Пелистер ќе сака да му се реваншира на Вардар за поразот во претходниот натпревар сезонава од 24:27.
По 14 кола Вардар и Алкалоид имаат по 26 бода, додека Пелистер на третото место е со два помалку.