
Ова лето Џек Грилиш се очекува да се раздели од Манчестер Сити, со можност сепак да остане во англискиот фудбал.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Според најновите информации од медиумите на Островот, Њукасл покажува интерес за Грилиш, но бара решение преку позајмица.
Реалноста е неговата импресивна неделна плата од 300.000 фунти, што е предизвик за Њукасл да ја обезбеди, па затоа понудата е за едногодишна позајмица.
Истовремено, значајно е што Грилиш би можел да се натпреварува и во Лигата на шампионите, а притоа да се бори за место меѓу најдобрите пет екипи во Премиер лигата.
Пеп Гвардиола веќе го исклучи од своите планови и неговиот статус на трансфер листата е познат долго време.
Се спомнуваше и Наполи, но италијанскиот тим не направи конкретни потези во однос на ова прашање.
Грилиш пристигна во Сити во летото на 2021 за 117 милиони евра и има одигра 157 натпревари, постигнувајќи 17 голови и забележувајќи 23 асистенции.
Фото: Manchester City/X