Дома Фудбал Останато Да не ви се верува: Мува му донесе на голфер речиси 1,5 милиони долари (Видео)

Да не ви се верува: Мува му донесе на голфер речиси 1,5 милиони долари (Видео)

На турнирот BMW Championship во Мериленд беше виден момент кој долго ќе остане во сеќавањето на љубителите на голфот, благодарение на една мува.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Томи Флитвуд, англиски ас и 13-ти играч во светот, веќе беше на раб да промаши берди кога неговата топка се запре веднаш до дупката. Публиката веќе помисли дека ударот ќе остане без награда, но по 28 секунди топката сепак влезе внатре.

Забавениот снимок откри дека пресудниот детаљ беше мува која се најде на топката, се помести и предизвика ротација во вистинскиот момент.

Додека навивачите славеа, Флитвуд се насмевна, свесен дека инсектот можеби му го донесе највредниот удар во кариерата.

Резултатот го турна на петтото место на листата на FedEx Купот, што значи бонус од 1.45 милиони долари, покрај веќе освоените 728.750 долари од самиот турнир.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Џастин Гејчи го шокираше целиот свет и му го промени личниот опис на Топурија (Видео)

Џастин Гејчи го изненади целиот свет. Во брутална борба, една од најголемите досега, која …