Дома Фудбал Да или не: Капитенот на Јунајтед е пред одлука која тешко се одбива

Да или не: Капитенот на Јунајтед е пред одлука која тешко се одбива

Откако Манчестер Јунајтед загуби во финалето на ЛЕ од Тотенхем на стадионот во Билбао, вниманието на англиската јавност брзо се префрли од резултатот на можните кадровски промени во редовите на „Црвените ѓаволи“. Прв на мета на шпекулации – капитенот Бруно Фернандес.

Според пишувањето на Скај Спорт, финалето би можело да биде последниот голем натпревар за Португалецот во дресот на Јунајтед, иако веднаш по средбата изјави дека сака да остане и да го одработи договорот до крај.

Ал-Хилал се вклучува со конкретна понуда

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Во приказната се вклучи Ал-Хилал, најмоќниот клуб во Саудиска Арабија, кој веќе прати понуда за 31-годишниот играч од средниот ред. Саудиската Про лига отвора мини прелазен рок од 1 до 10 јуни, токму со цел да ги зајакне тимовите пред ФИФА Светското клубско првенство, кое ќе се одржи во Обединетите Американски Држави од 14 јуни.

Бруно Фернандес би играл во Ал-Хилал заедно со веќе етаблирани ѕвезди како што се Рубен Невеш и Калиду Кулибали, како и двјаца српски фудбалери чие присуство веќе се очекува на ФИФА турнирот. Клубот од Ријад во групната фаза на турнирот ќе се соочи со екипите на Реал Мадрид, Пачука и Ред Бул Салцбург.

Финансиски предизвик кој тешко се одбива

Бруно Фернандес во моментов заработува близу 20 милиони евра годишно, што го вбројува меѓу најплатените играчи во Европа. Меѓутоа, познато е дека саудиските клубови се подготвени да понудат двојно, или дури тројно поголеми договори, особено кога станува збор за профил на играчи како Бруно – лидер, интернационалец и докажан играч на највисоко ниво.

Иако Фернандес сѐ уште има важечки договор со Јунајтед, појавата на конкретни понуди – и тоа непосредно по финалето – често означува почеток на трансферни промени. Англиските медиуми истакнуваат дека ваквата внимателност најчесто е дел од поширока стратегија на подготовка за разделба, било од страна на клубот или самиот играч.

Емоциите се свежи, но одлуката мора да се донесе брзо

Бруно Фернандес можеби вербално сѐ уште е врзан за Олд Трафорд, но економските и спортски предизвици кои доаѓаат од Блискиот Исток можат значително да влијаат на неговата одлука. Со отворањето на саудискиот прелазен рок и почетокот на ФИФА турнирот , одлуката мора да се донесе брзо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Навивачите во делирирум по една кратка порака на Погба (Фото)

Погба е надвор од теренот откако беше казнет со четири години суспензија од фудбал, но каз…