
Карло Анчелоти ја воодушеви јавноста во Бразил бидејќи одлучи да го повика Нејмар во репрезентацијата за Светското првенство, но само неколку дена подоцна стигнаа разочарувачки вести.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Нејмар последниот натпревар за Бразил го одигра уште во октомври 2023 година кога ги скина лигаментите на коленото, по што започна кошмар за него.
Со враќањето во Сантос почна да ја враќа својата форма и да се надева на враќање во репрезентацијата на Бразил, но многумина сметаа дека Анчелоти нема да го повика Нејмар откако не беше на списокот за пријателските натпревари во март.
Бразилските медиуми објавија дека Нејмар повторно се повредил и дека ќе ги пропушти следните натпревари на Сантос.
Потврдено е дека Нејмар добил повреда на листот на десната нога и во следниот период нема да биде во составот на Сантос, што предизвика загриженост околу неговиот настап на Светското првенство.