Дома Фудбал Чудна тактика: Голманот на Арсенал сакаше да биде херој, а сега сите му се смеат (Видео)

Чудна тактика: Голманот на Арсенал сакаше да биде херој, а сега сите му се смеат (Видео)

Синоќа на „Емирати“ гледавме одличен дуел помеѓу Арсенал и Манчестер Јунајтед во ФА Купот, а на крајот „Црвените ѓаволи“ извојуваа победа по пенали. Токму за време на пеналите видовме најинтересниот момент вечерва и чудната тактика што ја проба голманот на лондонскиот клуб Давид Раја.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


За време на пеналите, во центарот на вниманието се стави голманот на домашниот тим Давид Раја поради интересната тактика што се обиде да ја користи при пеналот на Лени Јоро, но неговиот обид не беше успешен.

Шпанскиот голман се обиде да го прочита ударот на Јоро и се фрли на својата лева страна пред играчот на Манчестер Јунајтед да го изведе ударот, но тоа не му помогна да го одбрани својот гол.

Јоро шутираше на спротивната страна и погоди за 3:1 во пенал серијата, а Раја стана цел на исмејување на социјалните мрежи поради неговиот потег.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Јувентус мисли дека 10 милиони евра се многу за Емилијано Мартинез?

Јувентус не е подготвен да плати на Астон Вила 10.000.000 евра и бонуси за голманот Емилиј…