Во НБА лигата се одиграа шест натпревари. Во последниот меч од вечерта, Лос Анџелес Лејкерс на домашен терен го совлада Портланд со резултат 114:106.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Најстариот играч во лигата, Леброн Џејмс, кој пред само три дена наполни 40 години, одигра одличен натпревар.
Леброн за 36 минути поминати на теренот постигна 38 поени, забележа три скока и додаде осум асистенции.
Тој имаше одлична шутерска вечер, особено кога е во прашање прецизноста од далечина. Погоди 7/10 од зад линијата за три поени, а вкупно погоди 15 од 25 удари од поле.
LEBRON STILL FLYING AT 40 😭🔥 pic.twitter.com/V1lMgdmik2
— LakeShowYo (@LakeShowYo) January 3, 2025
Одлична вечер имаше и Макс Кристи со 28 поени. Кај Портланд најдобар беше Анферни Симонс со 23 поени.