Дома Останати Cтpaшен инцидeнт: Велосипедист остана да виси над длабока провалија 🎥

Cтpaшен инцидeнт: Велосипедист остана да виси над длабока провалија 🎥

Голем инцидент можеше да се случи на втората етапа од велосипедската трка „Етоал де Бесеж“ во Франција.

Многу од велосипедистите кои учествуваа на трката заглавија на мал мост кој беше претесен да ги собере сите.

Најлошо можеше да помине 24-годишниот Валентин Ферон кој остана да виси на мостот од десната страна. Многу беше блиску Ферон да падна во длабоката провалија, но за среќа неговиот конкурент Аксел Лараунс го спаси.

„Направив се што можев во тој момент за да го избегнам падот, меѓутоа не успеав. Одеднаш се најдов со рацете на ѕидот и нозете во воздух. Аксел многу и помогна да се вратам на патот и му благодарам“, изјави Ферон.

Колку голем инцидент настана покажува и тоа што организаторот немаше доволно амбулантни возила за сите повредени, па ја откажа трката.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Наковски без загубен сет оди на дуел со Газели, Младост го сопре шампионот

Наковски волеј и Газели ќе се сретнат во следното коло како единствени непоразени екипи. М…