Дома Останати Тенис Британските навивачи бараат: Време е Мареј да го напушти Ѓоковиќ

Британските навивачи бараат: Време е Мареј да го напушти Ѓоковиќ

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ одлучи на крајот од минатата година да го ангажира Енди Мареј како тренер, но изгледа дека на Островот тоа многумина сѐ уште не го прифатија. Добро е познато дека Ѓоковиќ никогаш не бил особено омилен во Велика Британија.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Истото се случи и по Австралија Опен, каде Ѓоковиќ мораше да се предаде во полуфиналето, а посебно по Доха и Индијан Велс. Дури британскиот таблоид „Експрес“ објави анкета во која ги праша своите читатели дали е време Мареј да го напушти Ѓоковиќ и гласовите на мнозинството покажуваат дека го поддржуваат тоа мислење.

Во текстот со интересен наслов „Енди Мареј е советуван да го напушти Новак Ѓоковиќ поради британски играч по продолжувањето на партнерството“, дури 48 проценти од читателите на споменатиот таблоид од Островот истакнале дека би сакале повеќе да го видат Мареј да го тренира Џек Дрејпер, најдобриот Британец и новиот освојувач на Индијан Велс.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Македонските тенисери се пласираа во Втората светска група!

Машката тениска репрезентација на Македонија успешно ја оствари својата цел на турнирот од…