
Не е тајна дека Кристијано Роналдо сака да игра заедно со својот син Кристијано Џуниор, а Ал Наср брзо работи да ја исполни оваа желба.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Според арапското издание Ал Виам, клубот од Саудиска Арабија размислува да го вклучи синот на португалската ѕвезда во првиот тим за наредната сезона!
Конечната одлука за промоција на младиот фудбалер ќе биде донесена дури на крајот од актуелната сезона.
Стручниот штаб на Ал Наср ќе спроведе детална анализа на развојот на играчот за да види колку може технички да придонесе за екипата во моментов.
Можното промовирање на младиот Роналдо се совпаѓа со плановите на клубското раководство во однос на неговиот татко.
Португалската ѕвезда има договор на уште една сезона, а клубот сака да го мотивира да остане за да продолжи со своите извонредни настапи на теренот.