Дома Фудбал Бојан Димоски повторно ќе игра во Србија

Бојан Димоски повторно ќе игра во Србија

Македонскиот репрезентативец Бојан Димоски повторно ќе игра во српскиот шампионат, откако денеска официјално беше потврден неговиот трансфер во редовите на ТСЦ, договор кој веќе неколку дена се најавуваше.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Димоски беше дел од рускиот Амкар, а вториот дел од минатата сезона го мина како позајмен играч во Партизан. Сепак, во белградскиот клуб не доби поголема минутажа, па Амкар активно бараше решение за негова продажба, што резултираше со договор со ТСЦ.

„Бојан Димоски (2001) е нов член на ТСЦ. Тој доаѓа од рускиот Акрон, а претходно ја започна својата кариера во Тетекс, по што ги носеше дресовите на Вардар и Брера Струмица. Во Србија веќе има настапувано за Партизан, додека за македонската репрезентација има запишано 20 настапи. Добредојде во семејството ТСЦ“, соопштија од клубот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Мереска го продава ланско засилување на Гвардиола од 31.000.000 евра

Голманот на Манчестер Сити, Џејмс Трафорд, наскоро би можел да го засили – Лидс. Как…