Дома Останати „BMG Network“ мистериозно најавува возбудливо лето во Скопје!

„BMG Network“ мистериозно најавува возбудливо лето во Скопје!

BMG Network

Што ќе се случуваво Скопје ова лето!? Нешто се крчка, се спрема, но што? Јасно е само дека ќе биде интересно, ќе има многу награди, загатки … Знаеме дека нешто е скриено, нешто што треба да биде пронајдено!

Јутуб каналот – BMG Sports, кој пред некој ден беше ребрендиран во BMG Network, најавува нешто интересно. Во вторникот излезе teaser видео кое почна да открива за што станува збор, но не доволно за да ја погледнеме широката слика.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


“Имаме возбудлива објава. Но засега, сè што можеме да откриеме е дека тоа е нешто скриено. Нешто кое треба да биде пронајдено! Во Скопје летово ќе се случува нешто многу интересно! Авантура, предизвик, загатки, награди, забава, игра, возбуда, адреналин … од се по нешто! Љубопитни? За многу брзо, во следното teaser видео, ќе откриеме повеќе тајни … Следете!!!” стои во објавата од BMG Network.

Во видеото се појави и нов лик, па сега покрај „ТЈ“ или Јовица Симоновски и Стојанче Колев – Баскиецот, свежина на YouTube каналот е Лепа.

На нас ни останува да го сочекаме следното teaser видео, па да откриеме што точно ќе се случува во Скопје ова лето, дали некаков предизвик, наградна игра, или нешто сосема друго.

Следете! Ќе објавуваме за секое ново откритите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Манчестер Јунајтед со богата понуда за Рабио

Манчестер Јунајтед спрема  понуда за ѕвездата на Јувентус и француската репрезентациј…