Дома Останати „BMG Network“: Локации, мапи, предизвик и многу награди! Што ќе се случува летово!?

„BMG Network“: Локации, мапи, предизвик и многу награди! Што ќе се случува летово!?

BMG Network

Јутуб каналот BMG Network продолжува мистериозно да објавува видеа и полека да открива каков предизвик ќе се случува во Скопје ова лето.

Доколку го видовте првото видео, знаете дека нешто ќе биде скриено, нешто кое треба да биде пронајдено. Во првата објава не беа откриени многу детали, но сега знаеме нешто повеќе.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


На видеото, ТЏ, Столе и Лепа бараат нешто на мапа. Сите обележуваат дел од мапата и трнуваат по својот пат. Со мапа во рака, бараат локации. Тоа значи дека ќе има неколку локации во Скопје, каде што ќе бидат скриени некои работи. Во видеото во еден момент се појавува и QR код. Тоа е смао уште еден мал детал во целата мистерија.

“Со секоја трага што ќе ја откриеме, патот станува појасен. Но исто така, секоја трага ни носи награда. Спремаме авантура како ниедна друга. Подготвени да го направите следниот чекор? Subskcribe, like, click the bell за први да дознаете што се случува! Чекајте го следното видео, каде што ве чека конечното откритие“, стои во објавата на BMG Network.

Очигледно, во следното teaser видео ќе отркиеме се, а како што најавија во видеото, тоа ќе се случи на 28.06. Останува да сочекаме уште некој ден, па да видиме каков летен предизвик ни спрема екипата на BMG Network.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Шокантно тврдење: Алкараз намерно губел гемови

Поранешниот сопственик на неколку обложувалници во Русија, Михаел Салцман го обвини шпанск…