Дома Фудбал Бекали не ја научил лекцијата од Шкендија: Ако испаднеме од Дрита – треба да се откажеме од фудбал!

Бекали не ја научил лекцијата од Шкендија: Ако испаднеме од Дрита – треба да се откажеме од фудбал!

Претседателот на ФЦСБ, некогашна Стеуа, Џиџи Бекали, е меѓу најконтроверзните личности во светот на фудбалот. Неговиот клуб сега ќе се натпреварува во Лига Европа, каде во третото квалификациско коло ќе се сретне со шампионот на Косово, Дрита.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Бекали овој судир го коментираше на својот карактеристичен начин: “Ако нè елиминира клуб од Косово, тогаш треба да се откажеме од фудбалот. Така е. Немам сомнеж дека нема послаб тим во квалификациите од овој со кој ние играме, нема послаб во моментов”.

Ќе потсетиме, Бекали слично зборуваше и пред двомечот со Шкендија, но неговиот тим на теренот не покажа премногу, па тетовскиот клуб заслужено се пласираше во следната фаза од квалификациите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ибрахимовиќ за Алаибеговиќ: Сум изненаден, игра како да стадионот е негов

Шефот на RedBird Џери Кардинале присуствуваше на состанок на врв во Милан денес, за да се …