
Барселона постави нова, амбициозна цел која подразбира значителна финансиска инвестиција.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Каталонскиот клуб се извлече од финансиската криза која ја потишти, но сѐ уште не е онаа Барселона која беше позната по големи трошоци. Сепак, нивниот интерес е насочен кон можеби најскапиот напаѓач на светот во моментов.
Како потенцијален наследник на Роберт Левандовски, во Барселона го гледаат Ерлинг Халанд. Норвежанецот е на врвот на желбите на Жоан Лапорта, но добивањето на неговиот потпис нема да биде лесно.
Халанд ја започна и оваа сезона во одлична форма, покажувајќи конзистентен квалитет. Манчестер Сити засега нема намера да го продаде. Дури и ако Барселона ипрати понуда, таа би требало да достигне 170 милиони евра, според извештаите на шпанските медиуми.
Роберт Левандовски е во зрели играчки години и почесто се соочува со повреди, што го наведе клубот од Каталонија да размислува за замена. Халанд е најпосакуваната цел. Но, доколку неговата цена биде преголема, Барселона можеби би се свртила кон уште една англиска ѕвезда покрај Маркус Рашфорд – Хари Кејн.