
ПСЖ синоќа го победи Арсенал со 1:0 на гостински терен во првата полуфинална средба од Лигата на шампиони. Единствениот гол на натпреварот го постигна Усман Дембеле веќе во четвртата минута.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Парижаните следната среда на домашен терен ќе ја бранат минималната предност во потрага по второто финале во историјата на Лигата на шампиони.
Денес е на распоред второто полуфинале кое Барселона и Интер ќе го играат во Каталонија. Тоа ќе биде реприза од полуфиналето во 2010 година, во кое Интер под водство на Мурињо на драматичен начин ја совлада Барселона на Гвардиола и подоцна го освои европскиот наслов, за сега својот последен.
Натпреварот на наполнетиот стадион Олимпик Луис Компанис е закажан за 21:00 часот, а фудбалските љубители ќе можат да го следат на програмата на Арена 1. Реваншот ќе се одигра во Милано во вторник за шест дена.