Дома Фудбал Барса ги израдува фановите, Рафиња стави потпис

Барса ги израдува фановите, Рафиња стави потпис

Барселона продолжува брзо да делува и да ги задржува најважните делови од тимот што освои дури три трофеи во изминатата сезона. Откако вчера беше продолжен договорот на тренерот Ханзи Флик, денеска тоа се случи и со еден од најдобрите играчи во сезоната – Рафинја.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Бразилецот го продолжи договорот за уште една година и ќе остане во клубот до 30 јуни 2028 година.

Рафинја пристигна кај каталонците во 2022 година од Лидс. Изминатата сезона сигурно беше неговата најдобра во Барса досега, со 28-годишниот играч постигнувајќи дури 34 гола и 25 асистенции во 56 натпревари, како основа на успехот на тимот.

Се очекува летово големиот талент на клубот, Ламин Јамал, исто така да го продолжи својот договор, што ќе се случи откако ќе наполни 18 години во јули.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Анри жестоко го критикува Роналдо: Тимот треба да постигнува голови, не само ти

ТИРИ АНРИ (48) не се штедеше во критиките за изведбата на Кристијано Роналдо (41) при разо…