Баерн Минхен и Џамил Мусијала се во напредни преговори за продолжување на договорот и младиот Германец наскоро треба да стави потпис.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
21-годишниот Мусијала се етаблираше во еден од најголемите таленти во Европа и за него силен интерес покажуваат многу клубови, пред се Реал Мадрид, Манчестер Сити и Барселона.
Мусијала има договор со Баварците со 2026 година, но Баерн сака што побрзо да ја продолжи соработката со својот „бисер“.
Имено, Баерн му понудил договор со кој Мусијала ќе стане најплатен фудбалер во тимот и воопшто во Бундеслигата.