Репрезентацијата на Македонија е во Грузија каде што утре ја очекува вториот натпревар од новата сезона во Лигата на Нации. Грузија можно е да биде и наша последна препрека за пласман на ЕП 2020.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Грузија ќе биде наш противник во финалето за пласман на ЕП ако ние го поминеме Косово, а тие Белорусија во полуфиналето. Селекторот Игор Ангеловски најави дека црвно-жолтите се во Тблиси по победа, но ја препушти фаворитската улога поради домашниот терен.
„Грузија е една добра репрезентација и заслужуваат респект за резултатите кои ги имаат во Лигата на Нации и квалификациите. Јас се надевам дека ќе победиме во полуфиналните баражи, па ќе се соочиме и во финалето за ЕП, овој натпревар нека биде загревање за финалето“, изјави Ангеловски.
И Македонија и Грузија новата сезона во Лигата на Нации ја отворија со победи, ние ја победивме Ерменија, а тие на гости славеа против Естонија со 1:0.
„Јасно е дека формата не ни е на посакуваното ниво, меѓутоа во фудбалот најважно е да се победи. Јас сум задоволен кога сите за репрезентацијата го даваат максимумот. Победата секогаш е наша цел, верувам во момците. Утре нека победи подобриот“, порача селекторот.