Дома Фудбал Аталанта ја совлада „волчицата“ за пласман во Лига на шампиони.

Аталанта ја совлада „волчицата“ за пласман во Лига на шампиони.

Фудбалерите на Аталанта го потврдија својот пласман во Лига на шампиони две кола пред крајот на сезоната во Серија А, откако во 36. коло славеа на домашен терен против Рома со 2:0, оставајќи ја „волчицата“ на бод под позицијата што води во елитата.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Домашниот тим поведе веќе во деветтата минута со гол на Адемоле Лукман откако овој играч се снајде одлично и постигна убав погодок по што се ослободи од својот чувар.

Промашувањата на домашниот тим Рома ги казни во 32. минута кога Брајан Кристанте го погоди со глава голот на Аталанта по одличен центаршут на Матијас Суле.

Со овој резултат се замина на полувреме, а првото поголемо возбудување во продолжението беше видено на истекот на воведната третина од вториот дел кога Марио Пашалиќ го собори Коне.

Хрватскиот репрезентативец благо стартуваше над ривалот, а судијата ја консултираше ВАР технологијата за да ја отстрани секоја дилема околу најстрогата казна.

По прегледот беше утврдено дека Коне лесно паднал и судијата ја измени одлуката, така што натпреварот продолжи без пенал за Рома.

Токму кога изгледаше дека нема да има промени во резултатот, бидејќи натпреварот влезе во помирно течение, Аталанта го врати водството во 76. минута откако Ибрахим Сулемана со извонреден удар ја „разнесе мрежата“ на Рома.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Еден од најдобрите во светот нема да игра на вториот натпревар Баерн – ПСЖ?!

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст ПСЖ и Баерн им понудија …