
АРСЕНАЛ се пласираше во финалето на Лигата на шампионите првпат по 20 години. Топџиите на својот терен, со голот на Букајо Сака, го совладаа Атлетико Мадрид со 1:0. По ремито 1:1 во Шпанија, екипата на тренерот Микел Артета со вкупни 2:1 се пласираше понатаму. Во борбата за првата титула шампион на Европа, Арсенал ќе се соочи со Баерн или актуелниот првак ПСЖ. Натпреварот го коментираше тренерот на Арсенал, Микел Артета.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
“Ова беше неверојатно искуство што го доживеавме заедно со играчите и целиот клуб. Чувството е извонредно. Сето она низ кое поминуваме сега добива значење. Гледам среќни и горди лица околу мене. Уште на почетокот навивачите не дочекаа пред стадионот, пренесувајќи ни ја својата енергија и страст. Тие поставија стандард, а ние го достигнавме. Години наназад посакувавме да ги направиме горди,” изјави Артета за Amazon Prime и додаде:
“Она што најмногу ме инспирираше кај мојот тим беше сплотеноста. Ги собрав на последниот тренинг и се извинив. Им реков дека ќе игра истиот состав како и последниот пат. Сите одговорија дека одлуката е моја и дека се подготвени да дадат сè додека е потребно. Потоа ме прегрнаа.”
Да потсетиме, Арсенал беше единствениот пат во финалето на најпрестижното клубско натпреварување во 2006 година, кога загуби од Барселона.