Дома Фудбал Артета направви „златна измена“, Арсенал го победи Лестер (Видео)

Артета направви „златна измена“, Арсенал го победи Лестер (Видео)

Арсенал оствари значајна победа од 2:0 на гостувањето против Лестер Сити во 25. коло од Премиер лигата, а двата гола ги постигна Микел Мерино, кој влезе како замена и го сврти текот на натпреварот во корист на „Топчиите“.

Првиот гол го постигна во 81. минута по прецизниот центаршут на 17-годишниот Етан Нванери, а вториот гол следеше во 87. минута, кога Шпанецот со својот втор погодок ја обезбеди победата на Арсенал.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Лестер пружи силен отпор на десеткуваните „Топчии“, но не успеаа да постигнат погодок и покрај неколкуте шанси кои ги создадоа.

Оваа победа ги одржува надежите на Арсенал во борбата за титулата, бидејќи сега заостануваат четири бодови зад Ливерпул кој има и еден натпревар помалку против Вулверхемптон, додека Лестер продолжува да се бори за опстанок во лигата и понатаму е во опасната зона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Томас Милер може да заврши во клуб каде што никој не очекува!

По долгогодишна кариера започната уште како млад фудбалер, Томас Милер го напушта Баерн. О…