Дома Фудбал Арсенал се договори со Баер Леверкузен за Пјер Хинкапи

Арсенал се договори со Баер Леверкузен за Пјер Хинкапи

Арсенал постигна договор со Баер Леверкузен за доведување на Пјер Хинкапи. Еквадорецот ќе пристигне на едногодишна позајмица од Баер, со можност за откуп на договорот.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Вредноста на пакетот изнесува 52 милиони евра и 10% од идната продажба. Петгодишен договор во случај на трајно трансферирање. Тој ќе отпатува овој викенд на лекарски преглед во Арсенал.

Хинкапи (23) е централен/лев бек на Баер Леверкузен, кој пред две сезони освои тројна круна со германскиот клуб. Изигра 166 натпревари за “Фармацевтите” при што постигна седум голови и даде пет асистенции. Тој е редовен репрезентативец на Еквадор, за кој има одиграно 46 натпревари и има постигнато три голови. Трансфермаркт го проценува на 50 милиони евра.

Стилски, Хинкапи е агресивен, брз и технички сигурен лев централен бек кој може да игра и бек, со изразена способност за пробивни додавања и изнесување на топката и способност да одржува висока линија на одбрана. Анализите покажуваат дека во текот на последните 365 дена имал 1.65 пробивни изнесувања на топка по 90 минути, што го става меѓу петте проценти најдобри одбранбени играчи во оваа област.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Бразилец се онесвести кога дозна дека оди на Светско првенство (Видео)

Неверојатни сцени доаѓаат од Бразил кои на најдобар начин покажуваат колку е значајна фудб…