
Арсенал, иако потроши 293.5 милиони евра за нови играчи, не запре тука, бидејќи управата на клубот ќе го засили тимот со скапо засилување – одбранбениот играч на Баер Леверкузен, Пиеро Хинкапије (23), според британските медиуми.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Со оглед на тоа што полскиот репрезентативец Јакуб Кивиор, кој може да игра и како лев бек и како центархалф, преминува во Порто, тимот на Топџиите одлучи да донесе соодветна замена. Изборот падна на одличниот еквадорски играч. И Хинкапије успешно ги покрива двете позиции, слично како и Кивиор, а во Баер Леверкузен пристигна пред четири години од аргентинскиот Талерес, во трансфер вреден шест милиони евра.
Неговиот договор со клубот од Леверкузен важи до јуни 2029 година, а откупната клаузула изнесува 60 милиони евра. Сепак, Арсенал ќе го плати целиот износ на откупот следната година, бидејќи Хинкапије првично ќе пристапи на едногодишна позајмица во англискиот клуб.