Дома Фудбал Артета донел одлука: Арсенал може да се раздели со двајца важни фудалери!

Артета донел одлука: Арсенал може да се раздели со двајца важни фудалери!

Двајцата крилни напаѓачи на Арсенал, Бразилецот Габриел Жесус (28) и Белгиецот Леандро Тросар (30), ќе бидат ставени на трансфер-листата во јануарскиот трансфер-период, според британските медиуми.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Тренерот Микел Артета последните три сезони се потпираше на Жесус и Тросар, но со доаѓањето на шведскиот напаѓач Виктор Ѓокереш станале вишок. Арсенал летово потроши близу 300 милиони евра за засилувања. Најмногу средства беа вложени во двајца играчи од средниот ред, Мартин Зубименди и Еберечи Езе, како и во центарфорот Ѓокереш, кој во претходните две сезони во Спортинг постигна дури 97 погодоци.

Артета го избра Ѓокереш како прв избор, а како резерва го има и германскиот напаѓач Кај Хаверц. Договорите на Жесус и Тросар истекуваат во јуни 2027 година и „топџиите“ ќе гледаат да ги продадат што е можно поскоро за да остварат поголем профит од отштета.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Алегри избра нов напаѓач за Милан – доаѓа од Премиер лигата!?

Масимилијано Алегри имаше многу важен состанок со директорите и темата беше трансфер страт…