Дома Фудбал Арсенал „гази“ сè пред себе, но навивачите жестоко се нафрлија на големата ѕвезда на клубот

Арсенал „гази“ сè пред себе, но навивачите жестоко се нафрлија на големата ѕвезда на клубот

И покрај победата на Емирејтс против Брентфорд со 2:0, навивачите на Арсенал се нафрлија на една од најголемите ѕвезди во својот тим.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Арсенал брзо се врати на победничкиот пат откако за викендот одигра нерешено против Челси. Синоќа на својот терен го совладаа тимот на Брентфорд.

Микел Мерино ја донесе предноста на Арсенал со гол постигнат во 11. минута, додека победата на Топџиите ја потврди Сака во второто полувреме.

Со ова Арсенал ја врати предноста од пет поени и секако е на првото место на табелата во Премиер лигата.

Микел Артета направи промени за натпреварот против Брентфорд и од првата минута шанса им даде на Бен Вајт и Нони Мадуеке наместо Тимбер и Сака.

Исто така, од првата минута на теренот се најде и Мартин Одегард кој доби шанса пред Езе.

Ова беше првиот натпревар што Одегард го започна во прв состав од 4 октомври, кога Арсенал победи против Вест Хем.

Тој го одигра целиот натпревар, и направи три шанси за соиграчите во првото полувреме.

И покрај тоа тој навистина ги фрустрираше навивачите на Арсенал кои тоа решија да го искажат на социјалните мрежи.

Навивачите на Арсенал жестоко го критикуваа Одегард.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Косово во ист ден со Македонија го претстави новиот дрес – ќе соработува и со ист бренд!

Во ист ден кога Македонија ги претстави новите дресови, истото го стори и косовската репре…