
По убедливата победа на Барселона над Борусија Дортмунд со резултат 4:0 во првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампионите, играчите на каталонскиот клуб беа извонредно расположени.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Меѓу многуте радосни моменти во соблекувалната, еден посебно ја привлече вниманието на јавноста и на социјалните мрежи – модниот избор на младиот талент Ламине Јамал.
Јамал, кој и покрај своите години веќе е еден од клучните играчи на Барселона, се појави во необична, розова јакна која предизвика многу коментари, како во соблекувалната така и меѓу навивачите.
Araujo making fun of Lamine Yamal’s outfit: “My daughter’s jacket.”😂❤️ https://t.co/wAb7BwoDen pic.twitter.com/tws0C4QYOe
— Lamine Yamal Xtra (@Yamal_Xtra) April 9, 2025
Неговиот соиграч, искусниот уругвајски дефанзивец Роналд Араухо, не пропушти прилика да се нашали на негов сметка. Во коментар на Инстаграм, Араухо духовито напиша:
“Погледнете го Ламин! Како да ја облеклол јакната на мојата ќерка Аитана,” напиша Уругваецот.
Оваа симпатична забелешка предизвика насмевки и смеа, како меѓу соиграчите така и кај навивачите, кои го преплавија интернетот со коментари.
Многумина го пофалија Јамал за неговиот опуштен и самоуверен стил, а оваа сцена покажува колку е добра атмосферата во соблекувалната.
Фото: Принтскрин