Дома Фудбал Анри без двоумење кажа кој мора да ја добие „Златната топка“

Анри без двоумење кажа кој мора да ја добие „Златната топка“

Како и сите други, и големиот Тиери Анри има свој фаворит за освојувањето на Златната топка пред церемонијата која ќе се одржи следната недела.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Името на добитникот на оваа престижна награда ќе биде познато следниот понеделник, а неколку навистина големи имиња беа во трка.

Осман Дембеле, Ламине Јамал, Килиан Мбапе и Мохамед Салах се само дел од имињата кои се поврзуваат со освојувањето на оваа награда.

Дембеле го водеше Пари Сен-Жермен до големи трофеи во изминатата сезона, вклучувајќи ја и Лигата на шампионите, додека Јамал блескаше во дресот на Барселона, а исто така и со Шпанија со која го освои Европското првенство.

Мбапе и Салах беа главни играчи во Ливерпул и Реал Мадрид минатата сезона.

По вчерашните натпревари од Лигата на шампионите, во кои меѓу другите победи запишаа екипите на Барселона и Манчестер Сити, Карагер и Анри имаа дискусија за Златната топка на CBS Sports.

Кејт Скот започна да го отвора оваа тема, а потоа Карагер и Анри ги кажаа своите мислења.

Карагер спомна шест имиња и смета дека еден од нив ќе ја освои Златната топка, а тоа се Дембеле, Мбапе, Салах, Јамал, Рафинја и Ашраф Хакими.

Кога станува збор за Анри, тој рече само едно име и подвлече дека тој мора да ја добие наградата.

“Дембеле, нема потреба ни да објаснувам зошто,” јасно беше Анри.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Официјално: Хулк на 40 години има нов клуб!

Бразилската фудбалска икона, Хулк, го продолжи договорот без планови за пензионирање, и по…