Дома Фудбал Аморим за скандалот меѓу фудбалерите на Евертон: Би сакал и моите фудбалери да се тепаат!

Аморим за скандалот меѓу фудбалерите на Евертон: Би сакал и моите фудбалери да се тепаат!

Иако Евертон го одигра речиси цел меч со десет играчи по исклучувањето на Идриса Геја, сепак успеаја да го поразат Манчестер Јунајтед со 1:0. 

Тренерот на “црвените ѓаволи”, Рубен Аморим, се чини дека не мисли дека шлаканицата од Геја кон Мајкл Кин заслужила црвен картон. 

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


„Тепачката не е лоша работа. Не значи дека тие двајца не се почитуваат. Но, ако ја загубиш топката и ние примиме гол поради тоа, би се степал со тебе. Таков беше мојот впечаток. Не се согласувам со исклучувањето. Знам дека е прекршок, но не се согласувам. Се надевам дека и моите фудбалери ќе се степаат кога ќе изгубат топка. Очекувам дека нема да добијат црвен картон, но ова овде е добар интензитет, а не негативен”, изјави тренерот на Манчестер Јунајтед.

Проговори и за текот на натпреварот. 

„Тие беа подобри и со 11 и со 10 играчи. Не можевме да одговориме на нивниот интензитет и заслужија да победат. Другиот тим ни помогна со црвениот картон. Мора да влечеме повеќе во секоја ситуација. Требаше да ги притискаме повеќе во завршната трета.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Белингам: Овој натпревар е се или ништо за нас, играме за да го спасиме сезоната

Сите во Реал Мадрид се свесни дека можат да ја спасат сезоната само ако го надоместат заос…