Актуелниот македонски шампион Пелистер извојува значајна победа против Динамо Букурешт со резултат 25-24 во рамките на 12. коло од Лигата на шампионите, зацврстувајќи ги своите надежи за пласман во осминафиналето на ова престижно натпреварување.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
По натпреварот, тренерот на Пелистер, Раул Алонсо, им ја изрази својата благодарност на ракометарите за посветеноста и борбениот дух што го покажаа на теренот, нагласувајќи дека триумфот бил резултат на нивната решителност и тимска игра.
„Честитки до сите играчи за оваа голема победа. Се соочивме со исклучително квалитетен противник и знаевме дека ќе биде неизвесно до самиот крај. Од самиот почеток влеговме со добра енергија и агресивност, но Динамо покажа зошто е еден од најдобрите тимови во групата. Во второто полувреме, кога се соочивме со предизвици, покажавме карактер и останавме обединети. На моменти можеби немавме најдобри решенија, но успеавме да ја искористиме секоја прилика што ни се укажа. На крајот, можеби имавме и малку спортска среќа, но целосно заслужено ги освоивме бодовите. Оваа победа е особено важна затоа што дојде пред нашата верна публика, која ни даде дополнителен мотив и поддршка“, изјави Алонсо по натпреварот.