Дома Останати Ракомет Алкалоид утре ќе дознае каде ќе ја почне борбата со АЕК за титула во Европскиот куп

Алкалоид утре ќе дознае каде ќе ја почне борбата со АЕК за титула во Европскиот куп

Ракометарите на Алкалоид веќе испишаа историја со пласманот во големото финале на ЕХФ Европскиот куп, а сега имаат шанса својот историски успех да го заокружат со освојување на трофејот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Финалните натпревари меѓу Алкалоид и грчкиот АЕК ќе се одиграат во два наврати: првиот меч е закажан за викендот на 17/18 мај, додека реваншот ќе се одигра една недела подоцна, на 24/25 мај.

Клучниот момент за тоа каде ќе се одигра првиот дуел ќе биде утрешната ждрепка во Виена, која е закажана за 11 часот. Таа ќе одреди дали Алкалоид ќе биде домаќин на првиот натпревар во Македонија или ќе гостува најпрвин во Грција.

Фото: RK Alkaloid

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Босанецот Хаџиќ си замина од Пелистер!

Еурофарм Пелистер и босанскиот ракометар Алем Хаџиќ спогодбено ја завршија соработката, со…