Дома Топ вести Алиоски вмешан во скандал: Добил жолт картон од судијата кој доби суспензија?!

Алиоски вмешан во скандал: Добил жолт картон од судијата кој доби суспензија?!

Суспендираниот судија Дејвис Кут е под нова истрага во која вмешан е и македонскиот фудбалер, Езѓан Алиоски.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Кут ги негира новите обвинувања и ги нарекува “невистинити и клеветнички обвинувања”.

Судијата веќе е под истрага од страна на Англиската фудбалска асоцијација и е суспендиран од страна на организацијата за професионални судии на Европската фудбалска организација УЕФА поради одделни обвинувања за неговото однесување.

Нов извештај во весникот „Сан“ во вторникот тврди дека Кут разменил пораки со навивач во кои се дискутирало за покажување жолт картон пред и по натпреварот помеѓу Лидс и Вест Бромвич во 2019 година.

Во комуникацијата се спомнува покажување на жолт картон на дефанзивецот на Лидс, Езѓан Алиоски, од страна на Кут. Нема навестувања за каква било финансиска добивка на Кут и картонoт се смета за целосно коректен.

“„Јас силно ги отфрлам овие невистинити и клеветнички обвинувања“,”изјави Кут.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Неверојатна статистика: 62 удари кон голот, 0 погодоци – Турција елиминирани од Светското првенство

Фудбалската репрезентација на Турција, по одигрувањето на двата натпревара во групата Д на…