
За големиот талент Керим Алајбеговиќ одамна се зборува, а ова лето доби можност да ги покаже своите квалитети и на најголемата светска фудбалска сцена и тоа го прави сѐ подобро.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Да потсетиме, Алајбеговиќ во септември ќе наполни само 19 години, иднината е пред него, а минатата сезона ја мина во австрискиот Салцбург откако се развивал во младинскиот погон на Леверкузен.
Во австрискиот клуб остави одличен впечаток во својата прва сениорска сезона, одигра 44 натпревари, постигна 13 гола и запиша четири асистенции.
Затоа Леверкузен ова лето го искористи правото за откуп на неговиот договор во износ од осум милиони евра, но имајќи предвид сѐ подобрите игри на Мундијалот, јасно е дека цената на Алајбеговиќ веќе сега е значително поголема и дека германскиот бундеслигаш може многу да заработи. Најверојатно, ”фармацеутите” пред Мундијалот беа подготвени да го пуштат Алајбеговиќ за обештетување од барем 30 милиони евра, но доколку се зголеми списокот на заинтересирани клубови, и цената ќе продолжи да расте.
Италијанските медиуми веќе пишуваат за интересот на Рома и Аталанта, но она што ја прави целата приказна уште позанимлива е тоа што во трката се вклучи и Милан, па во овој момент Алајбеговиќ е најблиску до преселба во некој од клубовите од Серија А.