Aтлетико Мадрид можел да ги доведе Луис Суарез и Иван Ракитиќ, но клубот ја одбил таквата понуда, пишува „ЕСПН“.
Мадритскиот клуб не ја прифатил таквата понуда од две причини.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Наводно Атлетико ги одбил затоа што ниту еден од двајцата не одговарал на нивниот систем, а исто така не можел да плати колку што заработувале во Барселона.
Ќе потсетиме Ракитиќ после шест години во Барселона одлучи да се врати во Севиља. Од друга страна се уште не е сигурно каде Луис Суарез ќе заврши. Најмногу се поврзуваше со Јувентус, меѓутоа италијанскиот клуб изгледа се насочи кон Џеко.
Како и да е се очекува Суарез да замине затоа што Куман не смета на него и тоа му го соопштил уште во првите денови по доаѓањето во клубот.