Тренерот на фудбалерите на Арсенал, Микел Артета се уште верува дека неговиот тим може до титулата, иако со последните резултати клубот се доведе во ситуација да чека кикс на Манчестер Сити.
„Не е крај, пред нас се уште шест натпревари и секако дека тука постои загриженост. Во фудбалот тоа е така, понекогаш доаѓаат тешки моменти во кои правите грешки, но важно е што побрзо да ги заборавите“, изјави Артета.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Тврди дека тимот се уште има самодоверба.
„Самодоверба не изостанува. На ова ниво не смеете да примате голови какви што ние примаме. Тоа е толку едноставно. Јас не можам да не ги сакам своите играчи затоа што тие никогаш не побегнаа од одговорност. Верувам дека можеме до титулата, секогаш даваа се од себе“, изјави Артета.
Арсенал по 32 одиграни натпревари со 75 бодови се наоѓа на првото место на табелата во Премиер лигата. Зад него следи Манчестер Сити кој има пет бодови помалку, но одигра само 30 натпревари.