Новата сезона во Англија за Арсенал започна разочарувачки.
Брентфорд со 2:0 ги победи „топџиите“ на отварањњето на Премиер лигата. По натпреварот стратегот на Арсенал, Микел Артета секако беше разочаран.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Разочаран сум, иако ја започнавме сезоната против добар противник. Со ваква игра не заслуживме ништо друго освен пораз. Премалку се доближувавме до шеснаесетникот, потребни ни се повеќе удар кон противничкиот гол“.
Обамејанг и Лаказет не играа во овој натпревар.
„Сигурно дека ни недостасуваа. Знаевме дека нема да сметаме на нив, не знам дали ќе ги имам за следниот натпревар“, изјави Артета.
За екипата на Брентфорд ова беше прв натпревар во англиската елита утше од сезоната 1946/1947.