Дома Фудбал Останато Aрсен Венгер се враќа!

Aрсен Венгер се враќа!

Легендарниот стратег истакна дека доволно одмарал и дека е време да се врати во фудбалот.

Поранешниот тренер на Арсенал, Арсен Венгер изјави дека е спремен да се врати во фудбалот, но можеби тоа нема да биде како тренер.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Венгер на крајот од сезоната 2017/2018 година после 22 години го напушти Арсенал. Тој тогаш изјави дека на почетокот на 2019 ќе превземе нов клуб.

„Мислев дека ќе се вратам на тренерската работа брзо, но уживав малку подалеку од фудбалот. Сега сум спремен. Повторно ќе ме видите во фудбалот. Дали како тренер? Не знам“, изјави Венгер за британските медиуми.

Тој оваа година се занимаваше со хуманитарни акции и конференции и дека во тоа уживал.

„Имам подобар поглед што се случува. Глесма грешки на тренерите и не плаќам за нив. Сакам да го споделам она што научив бидејќи мислам дека во животот во одредена фаза треба да го споделиш своето знаење. На кој на чин тоа ќе бидеи и дали со победи на фудбалските натпревари или на некој друг ќе видиме. Таа одлука морам брзо да ја донесам. Фудбалот е моја страст. Ќе се вратам наскоро, но не можам да ви кажам во кое својство“, изјави Венгер.

Венгер од 1996 година освои три шампионски титули во Премиер лигата и седум ФА Купови со Арсенал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Чаби Алонсо блиску да влезе во одбрано друштво: Ова во 21. век им успеало само на уште двајца тренери

Шпанскиот стратег Чаби Алонсо водејќи го Баер Леверкузен неодамна ја обезбеди титулата во …