Дома Ракомет Aпсолутно заслужено: Митревски најдобар голман во ЛШ!

Aпсолутно заслужено: Митревски најдобар голман во ЛШ!

Maкедонскиот репрезентативец, Никола Митревски имаше одлично издание во Лигата на шампионите и со 13 одбрани му помогна на Порто да дојде до победата.

Сите одбрани македонскиот голман ги запиша во второто полувреме. Митревски сосема заслужено беше избран за најдобар голман во шестото коло од групната фаза.

Во идеалниот тим покрај Митревски место добија: Матијас Муше (Магдебург), Сандер Сагосен (Колстад), Елијас Елесен (Кил), Мадс Хоксер (Алборг), Себастијан Карлсон (Монпелје) и Лудовик Фабрегас (Веспрем).

Видео до сите одбрани на Митревски можете да погледнете – ТУКА.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Македонија на испит во Грција: Соседски дуел во трката за ЕП 2028

Македонските ракометари во недела од 16 часот гостуваат кај Грција во второто квалификацис…