Aвстрискиот репрезентативец, Давид Алаба (31) се здоби со повреда на вкрстените лигаменти на коленото поради што ќе отсуствува до крајот на сезоната.
Алаба теренот во вчерашниот натпревар против Виљареал (4:1) го напушти по само половина час игра. Тренерот Карло Анчелоти сега има само двајца стопери на располагање, Начо Фернандез и Антонио Рудигер и тоа секако е проблем бидејќи Реал го чекаат натпревари во Ла Лига, Суперкупот и Лигата на шампионите.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Ќе видиме дали нешто можеме да направиме. Никогаш во тренерската кариера претходно не ми се случило тројца играчи да ги повредат лигаментите во четири месеци, неверојатно“, изјави Анчелоти по натпреварот.
Од претходно поради истата повреда надвор од теренот се голманот Тибо Куртоа и дефанзивецот Едер Милитао.
Реал како прв во групата помина во осминафиналето од Лигата на шампионите, додека во Ла Лига е лидер со еден бод повеќе од Жирона која денес го игра својот натпревар од 17-тото коло против Алавес.
oh….kroos’ reaction to alaba’s injury 🙁💔💔 pic.twitter.com/fJNvFVySXB
— rose (@mimidynamight) December 17, 2023