Дома Трансфер зона Aнчелоти испрати порака до Сабатини и Спалети!

Aнчелоти испрати порака до Сабатини и Спалети!

Тренерот на Баерн Минхен, јасно порача на управата на „Нероаѕурите“ што мисли кога во прашање е интересот на Интер за Артуро Видал.

Интер ова лето веќе се обиде да го доведе Артуро Видал од редовите на Баерн. Испратија понуда од 57 милиони, но самиот фудбалер ја отфрли можноста за преселба во Милан, бидејќи не сака да ги предаде навивачите на Јувентус.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Сепак во текот на денешниот ден се појавија информации дека Интер повторно би можел да се обиде да го доведе Чилеанецот. Но, Карло Анчелоти јасно стави до знаење на италијанскиот клуб што мисли за продажбата на Артуро Видал.

„Видал ќе остане со нас. Им кажав на моите пријатели Сабатини и Спалети да заборават на него“, изјави италијанскиот стратег.

После ова јасно е дека Видал ќе остане во Минхен. Кога беа способни да одбијат 57 милиони евра, тешко дека постои понуда која може да го убеди раководството на Баерн да се откаже од услугите на Видал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Интер се засилува со ѕвездата на Интер бесплатно

Дефанзивецот на Реал Мадрид, Начо на лето како слободен агент ќе го напушти клубот, а неко…